Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорите Аксинте и Река: Агресијата врз Украина е војна против демократските вредности и слободата

Адела Моника Аксинте

Пред една година Русиjа реши да ја нападне Украина, една мирна и независна земја и со тоа за првпат после многу години ја врати војната во Европа. Ова брутална војна која што ја предизвика големо патење на Украина и украинскиот народ, преку големите загуби на чевечките животи беше една пресудна точка за целиот свет, рече амбасадорката на Романија во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-Ова не  е само војна на Украина туку и војна против нашите вредности, слобода, нашите демократски заедници. Војна против суштинските параметри на безбедносната архитектура и сите други прашања околу тоа. Цената е висока, не само за Европа, тука за целиот Евроатлантски простор и за понатамошниот меѓународниот ред и мир за наредните генерации, додаде Аксинте.

Албанскиот амбасадор Фатос Река на денешната конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија подвлече дека тоа е една долга година која помина, и дека сите посакувавме да не мора да бидиме денеска овде.

Фатос Река

-Една година помина од нападот на руската војска врз слободата и слободата на државата на Украина. И кога почна таканаречената „специјална воена операција„ однесе илјадници жртви, од населението создаде милиони бегалци во целата Европа и предизвика разорување на целата земја, да не споменуваме индиректното влијание на глобалната енергетска криза, изјави Албанскиот амбасадор Фатос Река.

Амбасадорот во обраќањето потсети и на изјавата на украинскиот министер за надворешни Димитри Кулеба кој рече дека руските триупи имат направено воени злосторства против човештвото, како и на  скорешното интервју на Генералниот секретар на Алијаната Јенс Столтерберг во кое тој објасни како НАТО сојузниците да дават поддршка на Украина.

Најново