Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорката Дир: Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина

Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир, на почетокот од своето обраќање на  Конференцијата „Украина – година на хероизмот“ се заблагодари за поддршката на Украина, како и на присутните за тоа што најдоа време да се придружат на оваа конференција, која е посветена на херојската година на отпорот на Украинците, организирана со помош на ЦИВИЛ.

Таа истакна дека  денес бележиме една година откако Украина го започна отпорот против бруталната руска агресија, што го промени светскиот поредок.

-Во четири часот наутро на 24 февруари, 2022 година, светот се промени не само за Украинците – туку се промени воопшто и светскиот поредок. За Украинците, светскиот поредок се промени во најбруталниот можен начин – со руски ракети и ирански дронови, воени злосторства и злосторства против човештвото кои ги вршеа и сé уште ги вршат руските окупатори.

Безбедносната архитектура во Европа почна значително да се менува од февруари 2014, кога Руската федерација привремене ја окупираше Автономна Република Крим и некои делови од регионите Доњецк и Луганск во Украина. Меѓународната реакција, вклучувајќи ја и реакцијата на меѓународните организации, за противзаконската и незаконската политика на Русија требаше да биде поодлучна.

-Од почетокот на целосната инвазија, желбата на Кремљ да го уништи украинскиот народ и украинската државност се има интензивирано, вклучително и поради тоа што планот за брза окупација на Киев за 3 до 7 дена не се спроведе.

Единствената причина за оваа неиспровоцирана агресија беа нео-империјалистичките амбиции на руската држава и нејзиното највосоко раководство. Претседателот на Русија направи фатална грешка.

Во реалноста, Украина не само што ја запре инвазијата, туку успеа и да ослободи скоро половина од нејзините ново окупирани територии преку успешни контранапади.

Компонентата што Руската федерација, како терористичка земја, не ја зеде во предвид е украинскиот отпор, што има историја на многу генерации.

-Отпорот може само да се зголеми, истакна Дир. Храброста на украинските војници денес е феномен. Имаме помала војска и помалку оружје. Украинските бранители ја имаат силата на духот што принуди многумина во светот да ги преиспитаат заедничките вредности во целина.

Таа запраша дали може некој туку така да упадне на туѓа суверена територија – да застрела семејство, да силува дете, да ограбува, депортира, киднапира!? Одговорот е очигледен. Европа се обедини во спротивставувањето на воените злосторства на Руската федерација и злосторствата против човештвото извршени од страна на Русите на украинската територија. Украина добива значителна воена и финансиска помош од ЕУ и НАТО земјите.

-Храброста на Украинците сега мора да биде поддржана со тенкови, оружје со долг дострел и борбени авиони. Украинците го даваат својот живот не само бранејќи ја својата суверена територија, Украинците ги бранат вредностите според кои демократскиот цивилизиран свет живее, посочи Дир.

Неизвесноста и одолговлекувањето само ги зголемуваат украинските жртви. Одолжувањето само ја зголемува можноста државата агресор – Руската федерација да го убива цивилното население на Украина, да ги уништува украинските градови, да врши тортура, да депортира Украинци и да киднапира украински деца.

Духот на украинските граѓани и поддршката на земјите на ЕУ и НАТО ѝ овозможија на Украина да ја оддржи работата на сите гранки на власта.

Повеќе поддршка сега значи побрза победа и мир.

Таа истакна дека Украина доби кандидатски статус за пристапување во ЕУ и потпиша барање за забрзано членство во НАТО.

Украина, која се бори на бојното поле, исто така, нуди развој на безбедносни формати. Спроведувањето на Формуката за мир од 10 точки претставена од претседателот Зеленски ќе донесе сеопфатен, праведен и траен мир на Украина и безбедност на целиот свет.

Многу земји веќе ја имаат поддржано Формулата за мир, избирајќи ја за себе улогата на лидер во спроведувањето на еден или друг чекор на Формулата за мир. Украина чека пошироко приклучување на други земји не само во улога на лидери, туки и преку коалициска поддршка за чекорите на Формулата за мир.

-Украина бара да го казни раководството на Руската федерација за одлуката за вооружена агресија врз Украина. Оваа војна не се работи само за Украина, нагласи Дир.

Бруталниот напад на Русија ја уништи глобалната безбедност. Секој руски воен злосторник мора да биде казнет. Формирањето на Специјален трибунал ќе овозможи гонење на политичкото и воено раководство на Русија за најтешкото злосторство, злосторството на агресија. Украина активно работи со партнери за формирање на трибуналот.

И санкции. Режимот на санкции не само што треба да се оддржи, туку треба и да се зајакне. Зајакнување на санкциите е потребно за да се осигура дека Русија нема да може да произведува и одджува високо-технолошки оружја, посебно ракети кои го напаѓаат цивилното население и цивилната критична инфраструктура.

-Блокираните и замрзнати средства на Русија и санкционираните руски граѓани мора да станат главниот извор на финансирање на компензациите за Украина и за украинските граѓани. Благодарни сме на оние земји членки на ОН кои ја поддржаа резолуцијата ГА на ОН за продолжување на правниот лек и репарацијата за агресијата врз Украина. На 17 февруари, 2023 година, Владата на Кралството Холандија одлучи да го постави во Хаг Меѓународниот регистар на загуби и штети предизвикани на Украина како резултат на руската агресија, кажа Дир во своето обраќање.

(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен