Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал денеска ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
„Со почитуваниот Амбасадор Вал остваривме конструктивен и квалитетен разговор на повеќе теми кои се однесуваат и кои ги таргетираат немнозинските заедници во Македонија. На денешната средба исто така се дискутираше и за досегашната соработка и резултатите постигнати со поддршка на Мисијата на Обсе во Скопје, како и за идните заеднички планови и проектни активности кои ќе бидат спроведени во наредниот период“, информираат од Агенцијата.
Оваа прилика директорот на АОПЗ Далибор Китановиќ ја искористил да му се заблагодари на амбасадорот Вал за досегашната поддршка на Агенцијата од страна Мисијата на Обсе. Како гест на благодарност Китановиќ на Вал му врачил плакета-благодарница.