Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорот на САД во Будимпешта сред главниот град на Унгарија ја направи „партали“ политиката на Орбан

„Како може земјата од 1956 година да биде толку срдечна со Русија на Путин? Како може една земја да биде и членка на Европската унија, но и во војна со „Брисел“? Како може сојузник на Соединетите Држави, според зборовите на премиерот, да биде негов „противник? Како може повторената жртва на руска агресија, исто така, да ги попречи напорите да се одговори на неа?“, праша Амбасадорот на САД во Унгарија Дејвид Пресман на Форумот за демократија во Будимпешта, во организација на Институтот за демократија, на Централно европскиот универзитет и на Политички капитал, што се одржа вчера.

Пресман рече дека Унгарците го имаат искуството на живот под комунизмот, и дека е навистина чудно со тоа искуство и со придобивките што ги имаат од ЕУ и НАТО, сега да живеат во атмосфера на дволично однесување на унгарската влада.

Амбасадорот Пресман жестокио ја нападна кампањата на Владата на Унгарија во која на билборди низ државата се претставени бомби од „Брисел“ кои паѓаат врз Унгарија како симбол на „санкциите“ што ги воведе ЕУ кон оваа земја.

„Ова е само уште една манифестација на лудата унгарска комуникациска стратегија“, оцени Пресман.

Европа и од Соединетите Држави во изминатите 14 години, рече Пресман, го препознава фактот Унгарија е земја која речиси една деценија е под континуирана „вонредна состојба“ дозволувајќи и на нејзината влада да донесува закони со едикт за заобиколување на парламентот.

„Политиката на САД ја прифаќаше идејата дека Унгарија вели едно, а прави друго. И сега гледаме дека двете – кажувањето и делувањето – сѐ повеќе и загрижувачки се спојуваат. Унгарските билборди, наслови и зборови повеќе не се – ако некогаш биле – само зборови, политичка реторика, комуникациски трикови. Тие се продолжена рака на државната власт. Тие имаат влијание, цел, цел. Накратко, тие се политика, и влијаат на нашата Алијанса и го заслужуваат нашето внимание“, истакна амбасадорот на САД во Будимпешта на Форумот за демократија.

Амбасадорот Пресман нагласи дека „дојдовме до точка каде што денес, на конференцијата за демократија во Будимпешта – слично како на самитот на демократиите во Белата куќа – се повеќе и повеќе луѓе се прашуваат дали Унгарија е сè уште демократска држава. Тоа е прашање на кое, за членка на ЕУ и за сојузник на НАТО, треба лесно да се одговори“.

Пресман се осврна и на столбовите на демократијата, прашањето за слободни медиуми и функционално граѓанско општество и посочи дека таканаречената „Канцеларија за заштита на суверенитет“ која јавно објави поведе истраги против медиуми и граѓански организации.

„Контролата на владејачката партија врз медиумите и нејзините напади врз граѓанското општество создадоа атмосфера на страв. Во Унгарија, изборот дали да се вклучите во политичка дебата, особено за тоа дали јавно да се спротивставите на владејачката партија, станува сè повеќе егзистенцијален. Не е прашање да се „плашиш“ од тоа што би можело да се случи ако зборуваш, туку да знаеш колку навистини тоа ќе те чини“, предупреди амбасадорот Пресман.

Амбасадорот на Пресман рече дека „овие агресивни напади на медиумите под контрола на владата не се „само зборови“.

„Ако зборувате, веројатно ќе станете цел. Може да ве задушат со лаги, да ве изложуваат на насловните страници, да бидете изложени на онлајн кампањи за оцрнување. Кој доброволно би избрал таков пат? Да се ​​биде подложен не само на понижување, туку и на изолација и ирелевантност? Потребна е исклучителна посветеност на совеста, на идеалите, на вредностите. Но, во едно демократско општество, слободното кажување на мислите не треба да биде исклучително“, укажа Пресман.

Низ примерот на неговите средби со претставниците на унгарските правосудни институции, Пресман ја опиша голготата на судиите што имале средба со него.

„Една средба, со раководството на Националниот судски совет, резултираше со една од најжестоките кампањи на владата, насочени кон судиите, етикетирани како предавници… за средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави. Кампањата што се водеше против овие судии беше сеприсутна. Секој ден, речиси три последователни месеци“, потсети Пресман.

После тоа секој судија во Унгарија ја сфати лекцијата, посочи Пресман, и ги предупреди сите други дека тие би можеле да бидат следните.

„Никој не сака да биде следен. И постои еден начин да се избегне таа судбина: да се биде тивок“, потенцираше на Форумот за демократија во Будимпешта амбасадорот на САД Дејвид Пресман.

Амбасадорот на САД се осврбна и на односнот на Унгарија кон НАТО и ЕУ.

„Владата на Унгарија го критикува НАТО од удобната позиција на безбедносниот чадор на НАТО, ја критикува ЕУ додека ги користи субвенциите на ЕУ. И додека другите демократски влади се обврзаа дека ќе ја бранат Унгарија, станаа предмет на постојаното омаловажување на унгарската влада. Русија и Кина – две авторитарни држави – се изземени од тоа“, укажа Пресман.

Додека премиерот Орбан беше „миротворец“ ка Путин во јули, потсети амбасадорот, Соединетите држави и десетина наши сојузници и партнери работеа енергично зад сцената за да ги ослободат луѓето неправедно затворени во Русија, еден ден по неговата „мировна мисија“, Путин лансираше проектили во најголемата детска болница во Украина.

„Пред точно шест месеци, токму во оваа просторија, по повод 25-годишнината од приемот на Унгарија во НАТО Алијансата, одржав воведно обраќање во кое реков дека САД сакаат блиски односи со Унгарија врз основа на „транспарентност, дијалог, непартизираност и посветеност на демократијата“. Шест месеци подоцна, зборовите и политиките на оваа влада го разјаснија нејзиниот избор. И тоа не е транспарентност, дијалог, непартизираност и посветеност на демократијата“, истакна амбасадорот Пресман.

Комуникациите на унгарската влада не се „само зборови“, тие се едноставно погрешни, рече Пресман кон крајот на својот говор. „Овие зборови се политика. И ја менуваат Унгарија. Им должиме на нашиот сојузник Унгарија – и на нашата Алијанса – да ги третираме зборовите на Унгарија како такви и да одговориме соодветно. Тоа може да значи поинаков вид на врска, и продолжувам да се надевам дека врската ќе биде поблиска, поискрена и искрена. Не онаков каков што се чини дека оваа влада сака денес. Но каков што американскиот и унгарскиот народ секако заслужуваат“, го завршил своето обраќање амбасадорот на САД во Унгарија на Форумот за демократија во Будимпешта, во организација на Институтот за демократија, на Централно европскиот универзитет и на Политички капитал.

Зачлени се на нашиот е-билтен