Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Амбасадорот на САД во Косово: Процесот на нормализација ќе заврши со меѓусебно признавање на Косово и Србија

Американскиот амбасадор во Косово, Џефри Ховениер денеска изјави дека САД се надеваат дека во 2024 година ќе се види вистински напредок во спроведувањето на договорот што Косово и Србија го склучија во 2023 година и како што истакна, „процесот на нормализација завршува со взаемно признавање, бидејќи Косово и Србија се стремат да го постигнат својот пат кон ЕУ“.

„Во февруари и март оваа година Косово и Србија презедоа храбри чекори кон нормализација преку склучувањето на Основниот договор и неговиот анекс за имплементација. Иако имаше одложувања, ние сме целосно посветени на нивната имплементација“, наведе Ховениер во видео пораката на социјалната мрежа Х.

Како што додаде тој, САД силно веруваат дека граѓаните на Косово ќе имаат корист од спроведувањето на обврските што двете страни ги имаат врз основа на овие договори.

„Во 2024 година, се надеваме дека ќе видиме вистински напредок. Ова вклучува преземање значајни чекори од Србија за исполнување на сите свои обврски од договорот, а Косово, исто така, да ги исполнува сите свои обврски, вклучително и напредокот за Заедницата на српските општини. На крајот, тој процес на нормализација го завршува меѓусебното признавање, бидејќи и Косово и Србија се стремат да го постигнат својот пат кон ЕУ. Спроведувањето на Основниот договор и неговиот анекс е важен чекор кон таа иднина“, потенцвира Ховениер. 

Зачлени се на нашиот е-билтен