Амбасадорска трибина насловена „Светот по Хенри Кисинџер – геополитички предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Советот на амбасадори и Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.
Како што соопштуваат од Советот на амбасадори, настанот ќе се одржи во салата „Империјал I“ во Културно – информативниот центар во Скопје.
Хенри Кисинџер, американски дипломат, политиколог, геополитички консултант и политичар, почина на 29 ноември годинава на возраст од 100 години.
Беше советник за национална безбедност и државен секретар од 1969 до 1977 година во времето на администрацијата на претседателите Ричард Никсон и Џералд Форд.
Беше заговорник на реалолитиката во меѓународните односи и се смета дека суштински придонел за попуштање на затегнатоста во односите меѓу САД, Советскиот Сојуз и Кина во текот на 70-те години од минатиот век, како и за смиривање на израелско-арапските тензии.
Добитник е на Нобеловата награда за мир (1973 г.).