Америка, ЕУ и Јапонија склучија стратешко партнерство за клучни суровини

Протоколот за соработка меѓу САД, ЕУ и Јапонија има за цел „да идентификува области на соработка за стимулирање на побарувачката и диверзификација на понудата“ за потписниците, пишува во соопштението за медиумите.

Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Јапонија денеска (среда) објавија воспоставување стратешко партнерство насочено кон подобрување на снабдувањето со критични минерали, клучни за сектори како што се автомобилската индустрија, одбраната и дигиталната технологија. Целта на ова партнерство е „значително да се унапреди економската и националната безбедност преку заедничко зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување со критични минерали“, се вели во заедничката изјава објавена по министерскиот состанок во Вашингтон.

„Со развивање на овој акционен план, сакаме да поставиме основа за обврзувачки мултилатерален договор за критични минерали со истомислечки земји“, рече трговскиот претставник на Белата куќа (USTR) Џејмисон Грир. Вашингтон потоа објави сличен акционен план со Мексико, со речиси исти инструменти како оној потпишан со Брисел и Токио.

Намалување на зависноста од Кина

Протоколот за соработка меѓу САД, ЕУ и Јапонија има за цел „да идентификува области на соработка за стимулирање на побарувачката и диверзификација на понудата“ за потписниците, пишува во соопштението за медиумите. Главната цел е да се намали глобалната зависност од Кина, која во голема мера го контролира снабдувањето со критични минерали потребни во бројни стратешки сектори.

Пекинг ја искористи оваа предност како средство за преговарање за притисок или принуда кон своите економски партнери, на пример со значително забавување на процесот на одобрување на извоз.

Конкретни мерки и планови

Меѓу мерките предвидени со овој протокол се поддршка за нови рударски проекти и проекти за рафинирање, производство и рециклирање. Планот, исто така, вклучува забрзување на истражувањето и развојот во тие области и зајакнување на размената на информации за достапните залихи.

Европски залихи на критични суровини

Повикувајќи се на три извори, Ријтерс денеска објави дека Италија, Германија и Франција се согласиле да го забрзаат планот за складирање на критични суровини. Во декември, Европската унија го претстави планот RESourceEU со цел да се намали зависноста од Кина за клучни суровини.

Планот предвидува создавање заеднички залихи и ограничувања за извоз на рециклиран метален отпад и отпад со ретки минерали. Европската комисија сè уште не ги објавила сите детали од планот.

Поделба на улогите меѓу земјите

Според изворите, Франција треба да работи на финансирање на купувањето, Германија на управување со изворите на снабдување, додека Италија ќе биде задолжена за складирање. Италија и Германија претходно ветија дека ќе работат заедно за да обезбедат синџири на снабдување за суровини критични за нивните индустрии.

Зачлени се на нашиот е-билтен