Американската сенаторка Шахин: Укинувањето на санкциите против Додик е неодговорно и прерано

Американската демократска сенаторка Шахин, е меѓу најгласните противници на политиките на Додик во текот на изминатата деценија

Укинувањето на санкциите против Додик е неодговорно и прерано, порача американската сенаторка Џин Шахин

Американската демократска сенаторка Џин Шахин остро реагираше на одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ги укине санкциите против поранешниот претседател на ентитетот Република Српска (РС) во Босна и Херцеговина, Милорад Додик, оценувајќи го потегот како „неодговорен и прерано“.

„Одлуката на администрацијата на Трамп да ги укине санкциите против Милорад Додик е неодговорна и прерано. Додик го поткопа Дејтонскиот мировен договор, се зближи со Путин и профитираше од корупција – ова не може да биде основа за ублажување на санкциите. Американскиот народ заслужува објаснување“, напиша Шахин на социјалната мрежа X.

Шахин, член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот и долгогодишен застапник на стабилноста на Западен Балкан, е меѓу најгласните противници на политиките на Додик во текот на изминатата деценија.

Министерството за финансии и трезор на Соединетите Американски Држави (OFAC) донесе одлука за укинување на санкциите за неколку лица од Република Српска, вклучувајќи ги Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ и бројни други соработници и компании.

Овој потег всушност е поврзан со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација и беше сигурно дека тоа ќе се случи.

Оваа одлука претставува значајна промена во политиката на санкции на САД, со оглед на тоа што Додик беше на црната листа на САД од 2017 година поради, како што беше наведено во тоа време, опструкција на Дејтонскиот мировен договор и коруптивни активности.

Зачлени се на нашиот е-билтен