Амбасадорка Анџела Агелер и останатите дипломати од американската амбасада, како и волонтерите од Мировниот корпус на САД прозбореа на македонски јазик по повод Денот на македонскиот јазик.
Во објавената честитка на социјалните мрежи, Агелер на македонски јазик кажа дека американските дипломати го учат јазикот пред да дојдат на нивната мисија во Скопје.
Останатите диплмати и волонтерите од Мировниот корпус пак, во видеото ги кажуваа своите омилени македонски поговорки.