Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американски воен брод во Црвеното Море собори ирански дрон лансиран од Јемен

– Воен брод на американската морнарица, кој пловел во близина на теснецот Баб-ел-Мандеб, соборил дрон лансиран од Јемен, соопшти американски официјален претставник.

Тој рекол дека според првичните извештаи, Ју-Ес-Ес Карни, разурнувач на морнарицата, сметал дека иранскиот дрон КАС-04 е закана и го соборил над водите во јужниот дел на Црвеното Море додека бродот се движел кон теснецот.

Денешното соборување доаѓа еден ден откако ирански дрон прелета на околу 1.400 метри од носачот на авиони УСС Двајт Д. Ајзенхауер додека извршувал операции на летање во меѓународните води во Арапскиот Залив.

Зачлени се на нашиот е-билтен