Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Американскиот дипломат О’Брајан ќе се сретне со балканските лидери на Форумот во Париз

 Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски работи, Џејмс О’Брајан ќе се сретне со балканските лидери на Парискиот мировен форум, кој започна денеска, соопшти Стејт департментот.

О’Брајан ќе разговара со македонскиот премиер Димитар Ковачевски, како и со премиерите на Албанија, Косово и Црна Гора – Еди Рама, Албин Курти и Јаков Милатовиќ, јави Гласот на Америка.

Во соопштението од Стејт департментот се истакнува дека на дневен ред на овие средби ќе бидат регионалните и билатерални прашања.

За време на престојот во Париз, О’Брајан со француските претставници ќе разговара и за регионалните и глобалните предизвици.

Париската мировна конференција завршува на 14 ноември.

По престојот во француската престолнина, О’Брајан ќе отпатува за Брисел каде што ќе се сретне со претставници на Европската Унија и НАТО, „за да разговараат за тоа како Русија да се повика на одговорност за нејзината неиспровоцирана и брутална војна против Украина“. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира