Украден е дел од скулптурата „Зашиени емоции“ посветена на текстилните работнички во паркот кај штипскотото Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ информираше дека синоќа, во центарот на Штип, каде се наоѓа скулптурата, украден е дел од иглата на на уметничкото дело изработено од реномираниот скулптор, уметник, магистар и професор Никола Смилков.
– Овој чин е срам за нашиот град и навреда за трудот на сите кои вложија време, енергија и љубов за да создадат нешто вредно за Штип. Ги повикуваме надлежните институции, веднаш да го решат случајот и да ги заштитат јавните добра. Апелираме до граѓаните, ако сте сведоци на овој срамен чин или имате било каква информација за сторителите, ве молиме да го пријавите случајот, вели Ампева.
Ампева посочува дека Штип заслужува почит, а какошто вели „нашиот град не е место за вандализам и безредие.
Скулптурата беше свечено откриена од претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова на „Текстилјда 8“, а која се одржа пред еден месец.