Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анализа на Гардијан: Сателитски снимки откриваат обем на уништувањето на северот во Појасот Газа – над 1.000 кратери на околу 10 кв/км

Сателитски снимки од северниот дел на Појасот Газа, по силното израелско бомбардирање, покажуваат повеќе од 1.000 кратери на околу 10 квадратни километри видливи од вселената, наведува во анализа Гардијан.

Само во една област, широка само половина километар, неколку станбени области биле бомбардирани толку силно што биле видливи околу 100 кратери, некои од нив големи и до 13,9 метри, пишува британскиот весник.

Најмалку една болница и три училишта во областа не се во функција, очигледно поради бомбардирањето околу објектите. Останатите згради на снимката, која е снимена на 30 октомври, според анализата се целосно срамнети со земја и претворени во урнатини. 

Најново