Ангелов: Ги нема дождовите што ги очекувавме, активиран е ЕУ механизмот, претстојат илинденските празници, да бидеме внимателни

Директоро тна ЦУК Стојанче Ангелов денеска објви дека поради пожарите кои беснеат во Македонија повторно е активиран ЕУ механизмот. Тој посочи дека механизмот е повторно активиран бидејќи дождовите кои според УХМР денеска се очекуваа не дојдоа.

Директоро тна ЦУК Стојанче Ангелов денеска објви дека поради пожарите кои беснеат во Македонија повторно е активиран ЕУ механизмот. Тој посочи дека механизмот е повторно активиран бидејќи дождовите кои според УХМР денеска се очекуваа не дојдоа.

„Од овие причини денес го активиравме и ЕУ механизмот за цивилна заштита на Европската унија, бидејќи превентивно да видиме дали може некоја од државите да ни понуди помош. Засега имаме најава за помош. Пред се побаруваме помош во воздухоплови бидејќи сили на земја сеуште имаме доволно. Силите се исцрпени бидејќи ова трае секојдневно. Исцрпени се и возачите на специјалните возила, но верувам дека со својата пожртвуваност и максимална ангажираност, ќе помогнат да ставиме контрола врз сите пожари. Но за жал тоа ќе трае со денови“, рече Ангелов.

Денеска регистрирани се 16 пожари од кои 8 се активни, 6 се ставени под контрола, а 2 биле изгаснати. Најголем и најтежок е тој на планината Готен со кој пожарникарите се борат со денови. Се дејствува и од воздух и од земја но има стравувања дека може да стигне до селата.

„Апелирам до жителите на овие села во овој регион, значи планина Готен од страна на Радовиш во преостанатите часови во кои пожарот се движи кон нивните села да исчистат околу своите куќи, особено оние кои што се наоѓаат. Живеат на крајот од селото од страната на пожарот нека најдат трактори нека изорат 5-6 по можност и 10 метра. Доколку тоа место е изорано огнот не може да се движи по земја“, вели Стојанче Ангелов.

Апелирам до граѓаните да помогнат состојбата да биде значително подобрена, однсон со своето поведение да не предизвикуваат пожар, бидејќи и еден обичен опушок од цигари може да предизвика пожар. Кога зборуваме за скарите или за било каков тип на отворен оган.

„Претстојат илинденските празници. Апелирам до сите да бидат исклучително внимателни. Верувам дека сите грашани знаат на кој начин може да биде предизвикан пожар. Ова се однесува на луѓе кои од небрежност, несакајќи запалуваат пожар“, рече Англеов.

Тој посочи дека имаат докази за неколу подметнати пожари и поради овој факт, Ангелов ги повика граѓаните да пријавуваат сомнително поведени да го пријават на бројот 112.

Зачлени се на нашиот е-билтен