Анкета: 75 отсто од Украинците се за прекин на огнот, но само со безбедносни гаранции

NARA&DVIDS

Голем дел од украинските граѓани поддржуваат прекин на огнот, но само доколку бидат дадени јасни гаранции за безбедност, покажува ново истражување.

Анкетата, спроведена од Украинската рејтинг-група меѓу 1600 лица, открива дека 75 отсто од испитаниците сметаат дека гаранциите од Европа и САД се предуслов за запирање на борбите.

Истражувањето, спроведено од 21 до 23 август, покажа и дека 82 отсто од анкетираните веруваат дека преговорите се реален пат за прекин на војната. Од нив, 62 проценти поддржуваат вклучување на други држави во процесот на постигнување компромис, додека 20 отсто се за директни преговори со Москва.

Вкупно 59 отсто од испитаниците поддржуваат прекин на воените дејства и барање компромис, додека 20 отсто сакаат продолжување на војната сè додека Донбас и Крим не бидат целосно вратени под контрола на Украина.

Само 13 проценти сметаат дека прифатливо е враќање на границите од пред 23 февруари 2022 година, што би го исклучило враќањето на Крим и Донбас.

Зачлени се на нашиот е-билтен