Анкета: Дали го поддржувате новиот закон за пушење?

Go back

Благодариме

Вашиот глас е зачуван
Дали го поддржувате новиот закон за пушење(required)

Warning


Министерството за здравство го објави предлог-законот за заштита од пушење на ЕНЕР и ја отвори јавната расправа, со најави дека целта не е „казнување“, туку превенција и заштита на јавното здравје. Министерот Азир Алиу вели дека 2026 ќе биде година на имплементација со силен акцент на едукација, особено кај младите.

Во предлог-решенијата се вклучени построги правила за тутун и никотински производи: забрана за ароматизирани (вклучително и ментол) електронски цигари, забрана за пушење во автомобил ако има дете, и појасни услови за тераси – пушење би било дозволено само ако терасата е отворена од најмалку три страни (без стаклени/најлонски прегради). Предвидени се и глоби до 300 евра за граѓани затечени како пушат на забрането место, како и повисоки казни за правни лица, со можност и за привремена забрана на дејност при повторени прекршоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен