Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Анкета: Коалицијата на Нетанјаху не би останала на власт

Последните анкети покажуваат дека конзервативната партија Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би била втора доколку изборите се одржат денеска, но со многу помалку пратенички места од победничката партија.

Покрај тоа, коалицијата што тој сега ја води нема да освои доволно места во Парламентот (Кнесетот) за да остане на власт.

Бени Ганц, поранешниот министер за одбрана и началник на Генералштабот, кој му се придружи на Нетанјаху во Воениот кабинет, ќе биде најголемиот победник, според анкетата на

Последните анкети покажуваат дека конзервативната партија Ликуд на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху би била втора доколку изборите се одржат денеска, но со многу помалку пратенички места од победничката партија.

Покрај тоа, коалицијата што тој сега ја води нема да освои доволно места во Парламентот (Кнесетот) за да остане на власт.

Бени Ганц, поранешниот министер за одбрана и началник на Генералштабот, кој му се придружи на Нетанјаху во Воениот кабинет, ќе биде најголемиот победник, според анкетата на ТВ Канал 13.

Партијата за национално единство на Ганц би освоила 37 мандати, а Ликуд на Нетанјаху 16 ако тој ја води таа партија.

Партијата Јеш Атид (Има иднина) на поранешниот премиер Јаир Лапид би освоила 14 пратенички места.

Мало мнозинство од 53 отсто од анкетираните изјавиле дека личните интереси на Нетанјаху се главниот двигател на неговите постапки во војната, додека третина, 33 отсто, сметаат дека тој се води од националните интереси.

Израелците последен пат гласаа на 1 ноември 2022 година, а следните избори се закажани за 27 октомври 2026 година.

Сепак, многумина очекуваат изборите да се одржат оваа година.

Резултатите од ова истражување во голема мера се конзистентни со другите испитувања на јавното мислење спроведени по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, објави Си-Ен-Ен. 

.

Зачлени се на нашиот е-билтен