Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Антикорупциска наводно ќе го истражува непотизмот во Владата – предмет „семејството Андоновски“!!!

ЕПА

Државната комисија за спречување на корупција оформила предмет за владините функции на семејството Андоновски, откако беше откриено дека таткото на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски – Љупчо Андоновски станал советник на премиерот Мицкоски, а неговиот брат, Игор Андоновски, на крајот на декември бил назначен за началник на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Од опозициската СДСМ пред два дена повикаа антикорупционерите да реагираат во врска со овој случај и да постапат во согласност со своите надлежности.

Зачлени се на нашиот е-билтен