Антонио Кошта утре во Приштина, задутре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта утре ќе престојува во Приштина во рамки на посетата на Западен Балкан.

Како што соопштија од Канцеларијата на Европската унија во Косово, Кошта ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи и со премиерот во технички мандат Аљбин Курти.

Според агендата на посетата, претседателот на Европскиот совет најпрвин ќе се сретне со Османи, во 16:30 часот, а потоа заедно ќе се обратат пред медиумите.

Потоа во 18:40 часот ќе има средба со премиерот Курти.

Кошта во Приштина ќе дојде од Подгорица, каде ќе престојува утре пред пладне, а по денешните посети на Белград и Сараево.

Во пресрет на првата посета на регионот, Кошта рече дека цврсто верува оти иднината на Западен Балкан е во ЕУ.

Кошта задутре (четврток), треба да ја посети Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен