„Вашата фрустрација од тоа што сте татино синче и асистенче што Ве буткале цел живот, си ја извадивте на говорница. Се надевав дека ќе го задржите нивото, но гледам дека сакате „ад хоминем“. Нашиот левичарски карактер е да ги презираме преварантите како вас“, му порача на Христијан Мицкоски од собраниската говорница лидерот на Левица.
-Кога веќе сакавте кукавички да се извадите од вашата фрустрација, се надевам дека не сте поднапиен во овој момент, сакам дополнително да ве прашам, како со обична професорска плата стекнавте саат од 60 илјади евра, колку што кошта станот во кој живеами и дали е вистина дека вашата сестра ја спремате да ја вработите како доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ на Фармацевтскиот факултет, и како успеавте со вичен и правичен адвокат до вас да го изгубите спорот со Левица, рече Апасиев.