АПЕК се фокусира на поддршка на синџирите на снабдување по трговското примирје Трамп-Ши

Годинешниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во историскиот јужнокорејски град Гјонгџу се одржува во услови на кревко трговско примирје меѓу САД и Кина. Средбата доаѓа откако претседателот Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг постигнаа договор за запирање на понатамошните ограничувања за кинескиот извоз на ретки метали, кои претходно ја загрозуваа глобалната трговија и синџирите на снабдување.

Организацијата со 21 членка има за цел да ја поттикне економската соработка во регионот и да ги намали трговските и инвестициските бариери, иако одлуките донесени на состаноците не се обврзувачки, а постигнувањето консензус е сѐ потешко.

Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг истакна дека Азиско-пацифичкиот регион се наоѓа во критичен момент во брзо менувачкиот глобален економски поредок и дека соработката меѓу членовите на АПЕК е „јасно решение“ за актуелните економски предизвици.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг, во својот говор, повика на заштита на мултилатералниот трговски систем и подлабока економска соработка, додавајќи: „Колку е морето побурно, толку повеќе мора да се обединиме.“

Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, го замени отсутниот Трамп на самитот. АПЕК регионов учествува со 50% од глобалната трговија и 61% од бруто домашниот производ, што го нагласува значењето на соработката за стабилноста на светската економија.

Зачлени се на нашиот е-билтен