Апликација на вашиот телефон која ве шпионира и знае сè за вас – што правите и што зборувате

Стручњаците за сајбер безбедност предупредуваат сите корисници на Android уреди да бидат внимателни со апликациите што собираат лични податоци и ве следат без вашето знаење.

Во најновото истражување спроведено од порталот Which? во соработка со Hexiosec, биле анализирани 20 популарни апликации од областа на социјалните мрежи, онлајн купување, фитнес и паметни домови за да се утврди кои апликации „јадат“ податоци на корисниците.

Меѓу нив се WhatsApp, Facebook, TikTok, Instagram, Amazon, AliExpress, Ring Doorbell и Strava – заедно преземени повеќе од 28 милијарди пати низ светот.

Резултатите покажаа дека сите апликации бараат ризични дозволи, често без реална потреба, како пристап до микрофон, локација и креирање прозорци над другите апликации. На пример, Xiaomi Home имала дури 91 дозвола, од кои 5 биле ризични, додека Samsung SmartThings побарал 82, Facebook 69, а WhatsApp 66.

Стручњакот Хари Роуз од порталот Which? истакнува:
„Многу апликации на изглед се бесплатни, но корисниците плаќаат со своите податоци, често во загрижувачки големи количини. Важно е да проверите што точно одобрувате кога преземате нова апликација.“

Компаниите реагираа:

  • Meta (WhatsApp, Facebook, Instagram) тврди дека апликациите не го користат микрофонот без учество на корисникот.
  • TikTok вели дека приватноста е вградена и собира само информации што корисникот доброволно ги внесува.
  • Temu користи локација за автоматско пополнување на адреса.
  • Amazon објаснува дека дозволите се за корисни функции како визуелизација на производот или гласовна претрага.
  • Samsung потврдува дека SmartThings користи само неопходни дозволи за оптимално корисничко искуство.

Совет на крај: секогаш проверувајте кои дозволи ги давате на апликациите и размислете дали им е навистина потребен пристап до вашите лични податоци.

Зачлени се на нашиот е-билтен