Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Апологетите и членовите, симпазитерите и поддржувачите на власта во меѓусебен судир

Мерката за замрзнување на цените на моливите и другиот школски прибор не поминува ниту меѓу членовите, симпазитерите и поддржувачите на власта. Останаа само нејзините апологети да ја бранат оваа и другите мерки кои се изложени на сериозна критика.

Еден таков обид има на профилот Бетмен Велит на Богдан Илиевски, кој на социјалните мрежи сподели анкета во која граѓаните ја критикуваат мерката за замрзнување на цените на моливите и школскиот прибор во обид да ја претстави како кампања против владата.

Сепак, неговите фанови во коментарите ја критикуваат оваа, како другите политики кои ги спроведува владата и кои ги оценуваат како популизам.

„Јака мерка“, „Почнаа Богдан, ќе почнат и многу повеќе ако се замајуваме“, „Богдан како и да е лошо почнувате. Социјалистички мерки од десничарска партија Тоа е популизам кога нема конкретни реформи. Берете ум“, „Замрзнуваш цени на школски прибор на 02 септември. Исто ко да замрзнеш цени на новогодишни украси после нова година“, „Многу јака мерка, нема што“, се дел од коментарите под објавата на Илиевски.

Инаку граѓаните во анкетата која ја сподели Илиевски велат дека владата наместо да ги замрзнува цените на моливите, фломастерите и школскиот прибор треба да се погрижи учениците да добијат подобро образование и да се разгледаат и замрзнат цените на прехранбените производи.

Најново