Apple подготвува AI пребарувач за Siri

Блумберг неодамна објави инфомација дека Apple веќе ја подготвува својата нова AI-платформа за пребарување, наречена World Knowledge Answers, која во пролетта 2026 година ќе се интегрира во Siri и Safari.

Како би функционирал?

Овој „answer engine“ ќе ја трансформира Siri – од едноставен асистент во вистинска AI алатка за пребарувања. Ќе овозможува одговори со текст, слики, видеа и локални информации (just like Google), со цел да го поедностави и збогати корисничкото искуство при пребарување. Звучи познато?

Како ќе работи под хаубата?

Apple за напредната AI-функција ќе користи LLM-модели, меѓу кои и Google-ов Gemini, за податоците да се обработат на нивните приватни Cloud сервери.

Системот ќе се состои од неколку клучни компоненти: planner (кој интерпретира прашања), search system (кој бара информации на веб и локално) и summarizer (кој создава објаснувачки и концизни одговори). Сепак good old оптимизација за веб, ќе остане клучна. 

Зошто е важен овој потег?

Оваа AI-надградба може да ја пренасочи важноста на традиционалниот SEO. Бизнисите и креаторите на содржина сега треба да размислуваат како нивните објави би можеле да се цитираат директно во AI-одговори, а не само да се рангираат во Google резултати. Меѓутоа добро оптимизираните содржини ќе овозможат добро рангирање и градење на авторитет на домејните. Така овие сајтови ќе станат и доминантни извори на информации и за оваа AI алатка. 

Што стои зад креативниот процес?

Проектот ја носи работната шифра World Knowledge Answers — дел од поголемата Siri трансформација, кодно означена како “Luck E” или „LLM Siri“. Се очекува официјално да стартува со iOS 26.4, во март 2026 година, како дел од надградбата со iPhone 17. Така можеби не целата Apple публика би имала преистап кон оваа алатка веднаш. 

Влијанието на Apple екосистемот врз SEO индустријата

Apple неодамна објави дека има 2,35 милијарди активни уреди ширум светот. Тоа значи дека дури и мали промени во основните сетинзи – како што би било воведувањето на новиот пребарувач во Siri и Safari – можат да пренасочат милијарди пребарувања кон нови извори на информации. Иако лансирањето е насочено кон последниот модел на iPhone 17, прачање е колку време ќе биде ексклузивност. Имајќи ја во предвид динамиката на апдејти на Apple, за 2 години најмногу, оваа алатка ќе биде достапна на 90% од овие 2,35 милијарди уреди.

Заклучок

Според Блумберг, Apple подготвува AI-моделизиран начин на пребарување. World Knowledge Answers во нареднава година ќе го постави Siri како содржински „answer engine“, а не само асистент. За брендовите и авторите на содржини, ова треба да значи адаптација на содржините за читање и прикажување и во AI алатките.

Извор: https://www.ainow.mk/mk/blog/vi-sega-blog-1/apple-ai-world-knowledge-answers-siri-26

Зачлени се на нашиот е-билтен