Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Арапските држави: Примирјето треба да продолжи и да се зголеми помошта за Појасот Газа

 Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија, Египет и Јордан го поздравија привремениот прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас, потенцирајќи оти привременото примирје е прв чекор кон целосен прекин на воените дејствија.

Тие посочија дека Договорот, што вклучува и ослободување на заложниците и зголемување на помошта за Појасот Газа, треба да доведе до обновување на преговорите за две држави.

Саудискиот министер за надворешни работи, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд истакна дека хуманитарната помош треба да биде поддржана и проширена, како и да не зависи од понатамошно ослободување на заложниците.

Арапските министри за надворешни работи ја водат така наречената контакт група од претежно муслимански земји кои лобираат кај главните сојузници на Израел и Советот за безбедност на ОН да се стави крај на војната меѓу Израел и Хамас и да се постигне напредок кон трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт.

Израел и Хамас постигнаа договор за четиридневен прекин на огнот и ослободување на најмалку 50 од околу 240 заложници кои Хамас ги киднапира на 7 октомври, во замена за ослободување на 150 малолетници и жени кои се во израелските затвори. 

Зачлени се на нашиот е-билтен