Арсенал остана без една од ѕвездите пред клучните натпревари

Микел Артета потврди дека бразилскиот стопер има посериозна повреда, точно пред серијата тешки дуели со Тотенхем, Баерн Минхен и Челзи.

Фудбалерот на Арсенал, Габриел, кој се повреди за време на репрезентативната пауза настапувајќи за Бразил, ќе биде надвор од терените неколку недели, потврди денеска тренерот на лондонскиот клуб Микел Артета, оценувајќи дека тоа е „голем удар“ пред важните претстојни натпревари.
„Габриел, за жал, претрпе повреда играјќи за Бразил и ќе биде надвор од теренот неколку недели. Ќе направиме дополнителни прегледи, мислам в среда, а потоа ќе имаме појасна слика за должината на неговото закрепнување“, рече Артета на прес-конференција во Лондон.
Габриел (27) се повреди минатата недела на пријателскиот натпревар против Сенегал.
„Ова е голем удар бидејќи тој е наш лидер во одбраната. Неговото отсуство никогаш не е добра работа, но позитивно е што имаме многу добри опции и сега другите играчи мора да се наметнат и да ја завршат работата“, рече Артета.
Арсенал, кој води на табелата во Премиер лигата, го очекуваат три важни натпревари во период од осум денови, против градскиот ривал Тотенхем, в недела, потоа Баерн Минхен и Челзи.

Зачлени се на нашиот е-билтен