Арсовска: прашајте ги Борко и МОК каде се парите за младинската олимпијада

Скопската градоначалничка Данела Арсовска преку објава на Facebook порача дека Град Скопје „нема вмешаност во организацијата и нема потрошено ниту денар“ за Европската младинска олимпијада (EYOF) 2025, чиј домаќин е главниот град. Според неа, по добивањето на кандидатурата организацијата ја презеле Македонскиот олимписки комитет (МОК) и министерот за спорт Борко Ристовски, а градската администрација била „исклучена“ уште на почетокот.

„Јас ја донесов Европската младинска олимпијада 2025 во Скопје, но не ја организирав. Кога требаше да се отпочне, нѐ исклучија“, пишува Арсовска, додавајќи дека истата судбина ѝ се заканува и на титулата „Европска престолнина на културата 2028“, која исто така ја обезбедила нејзината администрација.

Градоначалничката тврди дека „0 денари“ се издвоени од градскиот буџет за EYOF 2025 и повика јавноста да праша „колку пари и на кои фирми“ се распределиле преку МОК. Таа ги обвини критичарите, како што ги нарече „Борковите бот спасители“, за „ароганција, крадење и лажење“.

Зачлени се на нашиот е-билтен