Арсовска со нова реакција: „Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК!“

Данела ја разобличува пропагандата со која некои медиум сакаат да го оправдаат насилството врз неа.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со остра објава на Фејсбук повторно реагираше по денешниот насилен инцидент, во кој, како што вели, била физички нападната од страна на командант Барути.

„На видеово сами што го лиферувале МВР – ❌Не им се гледаат боксовите и шамарите што ми ги удира командант Барути“, напиша Арсовска, посочувајќи дека и покрај видеото што го објави Министерството за внатрешни работи, насилството врз неа било прикриено.

Таа прашува реторички: „Јас го напаѓам него или тој мене? Јас се движам кон него или тој кон мене? Се враќам чекор назад и се бранам.“

Во завршницата на објавата, Арсовска жестоко ги прозва и политичките опоненти: „‼️Како не ви е срам лавови вмровски, да го браните командантов на ОВК!“

Оваа реакција следува неколку часа по нејзините претходни јавни обвинувања, додека сè уште нема официјален одговор од страна на ВМРО-ДПМНЕ или од самото МВР во врска со овие наводи.

Зачлени се на нашиот е-билтен