Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Арсовска тврди дека советниците од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за хаосот во Градот: Истите тие луѓе целосно ја поддржаа програмата „Модерно Скопје“

Градоначалничката Данела Арсовска истакна дека на вчерашната средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени” и ниту едно од тие решенија не било прифатено.

-По три години ВМРО-ДПМНЕ признава дека блокадата е организирана и оркестрирана, токму од оваа политичка партија и нејзините советници на Град Скопје, изјави денеска на прес-конференција Арсовска.

Таа рече дека програмата за „Модерно Скопје“ била поддржана од истите тие советници од ВМРО-ДПМНЕ, а и од Мицскоси, а нивното негласање на програмите може да биде само политичка игра и ништо друго, затоа што истите советници досега не нашле ниту една забелешка, едноставно само не гласале.

Арсовска неколку пати повтори дека предложила решенија за проблемите со кои се соочува Град Скопје, но како што рече, средбата наликувала на „политички циркуз за добивање политички поени”.

-Сакам да го цитирам Перински, една вистина што ја кажа на неговата вчерашна пресконференција, е дека генерален заклучок е немањето комуникација помеѓу советничките групи во рамки на Градот Скопје. Сепак останатотот не е точно, Владат има голем долг кон ЈСП за бесплатниот превоз, тоа се 8 милиони евра, пари кои не се планирани ос ребалансот на буџетот, рече Арсовска.

Перински, вчера по средбата во Владата со Арсовска, рече дека таа до крајот на оваа недела треба да состави план што ќе биде презентиран пред советниците во рамки на Советот на Град Скопје, а заклучокот беше дека на вчерашниот состанок не слушнале ништо конструктивно од градоначалничката во однос на решавањето на проблемите со Јавното комунално претпријатие и Јавно сообраќајно претпријатие.

С.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен