Ask Maps: Google Maps тестира AI што планира патување

Google, според повеќе технолошки извори, во февруари 2026 тестира нова функција во Google Maps наречена Ask Maps, со која корисникот би можел директно во апликацијата да побара предлог-рута и идеи за активности, наместо планот да го составува од нула, а сè преку разговорен интерфејс базиран на Gemini.

Информациите не се од официјално соопштение, туку од анализа на апликацискиот код и т.н. APK teardown, каде се појавуваат индикации дека над мапата би имало посебно копче или „чип“ со ознака Ask Maps, по чиј клик се отвора панел налик на Gemini-чат со поле за внесување прашања.

Истите извори наведуваат дека Google планира функцијата прво да ја пушти како експеремонетална опција преку мени „Try new features“, со ограничен пристап, што се чита и од системска порака во кодот дека „местата моментално се полни“ и дека ќе се отвораат дополнително.

Иако дел од медиумите ја опишуваат Ask Maps како алатка што може да претвори „идеја во авантура“ и да предложи распоред, места за посета и логистика, важно е дека функционалноста, според увидите, сè уште не е целосно активна и дека ваквите најави од код не гарантираат дека опцијата ќе стигне до сите корисници во ист облик или воопшто.

Тестирањето доаѓа во период кога Google веќе ја проширува улогата на Gemini во Maps, вклучително и поддршка за разговорно водење при пешачење и возење велосипед, што сугерира дека компанијата постепено ја претвора навигацијата во „асистент“ што не само води, туку и препорачува и организира.

Зачлени се на нашиот е-билтен