Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Атинскиот градоначалник му честиташе на Имамоглу за победата

 Атинскиот градоначалник Харис Дукас преку „Х“ му ја честиташе победата на Екрем Имамоглу на вчерашните локални избори во Турција и неговиот реизбор за градоначалник на Истанбул, изразувајќи уверување дека ќе имаат добра соработка, јави дописничката на МИА од Атина.

-Твојата визија за модерен и демократски град е извор на инспирација во и вон Турција. Сигурен сум дека нашата соработка ќе биде срдечна, водена од нашите заеднички вредности и нашата решителна посветеност да се бориме со новите предизвици со кои се соочуваат нашите градови, напиша Дукас на „Х“.

Пораката ја заврши, посакувајќи му успех на Имамоглу, фраза напишана на турски јазик.

Треба да знаете
Moже да ве интересира