Авганистан втор ден без интернет и мобилни телефони

Авганистан денес е втор ден без интернет и мобилни телефони, откако талибанските власти ја прекинаа оптичката врска.

Ова е прв пат комуникациите во земјата да бидат целосно блокирани откако талибанците се вратија на власт во 2021 година, воведувајќи бројни ограничувања во согласност со својата интерпретација на исламскиот закон.

Меѓународните летови за Авганистан се откажани, според податоците на Flightradar24, веб-страница која го следи глобалниот воздушен сообраќај.

Во понеделник вечерта сигналите на мобилните телефони и интернет постепено слабееле, додека конекцијата не паднала под еден процент, според NetBlocks, организација која го следи сајбер-безбедноста и управувањето со интернетот.

Агенцијата Франс прес соопшти дека изгубила контакт со својата редакција во Кабул вчера околу 17:45 часот по локално време.

Зачлени се на нашиот е-билтен