– Австралија ја укина „златната виза“ која им овозможуваше на богатите инвеститори од странство да живеат во земјата, а главната причина е што таа била злоупотребена од корумпирани функционери.
Оваа програма беше осмислена за да привлече странски инвестиции, а е отфрлена откако австралиската влада, по повеќекратни контроли, утврди дека не постигнува задоволителни економски резултати, јави Би-Би-Си.
– Со години е јасно дека оваа виза не го испорачува она што ѝ треба на нашата земја и економија, изјави министерката за внатрешни работи Клер О’Нил.