Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Австралискиот Парламент го поддржа референдумот за признавање на домородните народи

Сенатот на Австралија денеска гласаше за одржување референдум за промена на Уставот на земјата за признавање на домородните народи, Абориџините и жителите на островите на Торес Стрејт.

Референдумот ќе се одржи пред крајот на 2023. Според локалните медиуми, гласањето најверојатно ќе се одржи во октомври.

-Заедно можеме да направиме историја со признавањето и внесувањето во Уставот на Абориџините и жителите на островот Торес, напиша австралискиот премиер Ентони Албанезе на Твитер.

Министерката на домородните Австралијци Линда Барни денеска на прес-конференција изјави оти ова е еден чекор поблиску до давање глас на потребите и аспирациите на домородните Австралијци.

Зачлени се на нашиот е-билтен