Австрија приреди големо изненадување на Европското ракометно првенство, совладувајќи ја Србија со 26-25 и целосно ја искомпликува борбата за првите две позиции во групата А. По триумфот над Германија, српската репрезентација прерано се опушти и настапи како веќе да има обезбедено пласман во следната фаза.
Таквиот пристап скапо ги чинеше „орлите“, бидејќи Австрија покажа дека поседува сериозен квалитет и дека не смее да биде потценета. Австријците одиграа мотивирано, не само за себе туку и во корист на своите соседи, со што дополнително ја вжештија групата.
Сега судбината на Србија не е во нивни раце. За пласман понатаму им е потребна победа на Шпанија против Германија. Доколку Германците освојат барем еден бод во вечерашниот дуел, тие ќе обезбедат место во следната фаза, а Србија ќе го заврши настапот на првенството.