Максималната температура во Грција денеска достигна 45 степени Целзиусови

Во централна Грција денеска била измерена температура од 44,9 степени Целзиусови, што воедно е и највисоката регистрирана во текот на денешниот ден, додека пак според податоците на Националната опсерваторија во Атина и порталот Метео, 102 од 550 метеоролошки станици измериле температури над 40 степени.

Највисоки температури во текот на денешниот ден биле регистрирани во централна Грција и во областа Тесалија, а во многу области надмина 43 степени.

Според мрежата на автоматски метеоролошки станици на Националната опсерваторија во Атина и Метео, температурата надминала 37 степени во 311 од 550 активни станици, 40 степени во 102 станици и 42 степени во 34 станици.

Просечната максимална температура била 37,1 степен и е за 1,5 степени повисока од вчера.

Новиот топлотен бран што ја зафати Грција, според најавите и прогнозите се очекува да трае до недела, а четврток и петок веројатно ќе бидат најтоплите денови. 

Зачлени се на нашиот е-билтен