Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден на Американците им го честита Денот на домородните народи и Денот на Колумбо

Претседателот Џо Бајден објави две соопштенија по повод 9 октомври, кога во САД се слави Денот на домородното население и Денот на Колумбо.

Во соопштението посветено на Денот на домородното население, Бајден истакна дека на овој ден Американците даваат „почит на истрајноста и храброста на домородните народи и изразуваат благодарност за нивните големи вложувања во развојот на нашиот свет и ја потврдуваат обврската да го почитуваат суверенитетот и самоопределувањето на племињата“.

– Покрај повеќевековното насилство и уништување … домородните народи денес продолжуваат да се развиваат и да одат напред во многу области, истакна претседателот на САД.

Во документот се искажува надеж за обнова на „непроменливата основа на нашите односи меѓу народите – во духот на дружбата, грижата и почитувањето“.

Во соопштението за Денот на Колумбо се слави улогата на италијанските Американци чија „храброст и карактер рефлектираат и помагаат во дефинирање на нашата нација“.

– Во 1891 година 11 италијански Американци беа убиени во едно од најголемите линчувања во историјата на нашата нација. По овој ужасен напад претседателот Бенџамин Харисон во 1892 година го создаде Денот на Колумбо. За многу луѓе во нашата земја првиот Ден на Колумбо беше начин да се оддаде почит за изгубените животи и да се слави надежта, можностите и генијалноста на италијанските Американци кои учествуват во градењето на нашата земја уште пред раѓањето на нашата република, истакна Бајден. 

Зачлени се на нашиот е-билтен