Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Нашата демократија не е само систем на управување, таа е душата на Америка

 Американскиот претседател Џо Бајден денеска на Националните гробишта Арлингтон положи свежо цвеќе на Гробот на незнајниот војник а во чест на Ден на сеќавањето.

Овој Ден се одбележува еднаш годишно, секој последен понеделник во мај. На Денот на сеќавањето Американците им одаваат почит на сите свои сограѓани кои го дале животот во служба на државата.

-Од моментот на основањето на нашата земја воените службеници на вооружените сили биле подготвени да го дадат својот живот – не за човек или место, туку за идеја на која и нема рамна во историјата на човештвото: Идејата за Соединетите Американски Држави. Ние сме единствеа земја во светот основана на идеја, тоа дека сите ние сме создадени рамноправни и заслужуваме еднакков однос меѓу себе во текот на целиот живот, се вели во прокламацијата на претседаелот Бајден по повод Денот на сеќавањето, објавена од Белата куќа.

Во знак на почит и признание на заслугите на загинатите војници Конгресот во резолуција од 11 мај 1950 година Конгресот му порача на претседателот секоја година да настапува со прокламација со која ги повикува Американците да го одбележуваат Ден на сеќавањето како ден за молитва и мир. Но и тоа дека секој може да го одбележува овој ден по свое.
Во прокламацијата на Бајден се вели дека денеска претпладне во 11 чесот, на 27 мај на Денот на сеќавањето Американците можат „да се обединат во молитва и размислување“. Претседателот исто така ги повика сограѓаните да застанат на минута на молчење.

-Нашата демократија не е само систем на управување. Таа е самата душа на Америка. Имено и благодарејќи на неа ние постојано се адаптираме (кон промените) во текот на вековите, изјави Бајден во неговиот настап на гробиштата во Арлингтон, придружен од потпретседателката Камала Харис и од министерот за одбрана Лојд Остин.

-Токму затоа, после каков и да било тест ние секогаш сме излегувале посилни од претходно. И благодарејќи на неа ние го обезбедуваме единството на нашата земја, истакна претседателот на САД.

Зачлени се на нашиот е-билтен