Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Не сакам уште поголема војна на Блискиот исток

 Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека веќе донел одлука каков ќе биде одговорот на нападот остварен од ирански милитанти со употреба на беспилотно летало во Јордан при што загинаа тројца американси војници.

Пред да заминe на изборна кампања денеска во Флорида, Бајден на новинарите им кажа дека мерките што САД ги подготвуваат како одговор нема да значат почеток на нова сеопфатна војна.

-Не сметам дека ни е потребна уште посеопфотна војна на Блискиот исток. Тоа не е она кон што јас се стремам, изјави Бајден.

Претходно, американски официјални лица укажаа дека САД не сакаат војна со Иран.

Бајден одговори потврдно дека веќе донел одлука како ќе САД реагираат на нанесениот удар.

А на прашање дали Иран е одговорен за случувањето, Бајден прецизираше дека според него „Иран е одговорен затоа што снабдува оружје“ на оние кои го извршиле нападот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен