Три деца и тројца возрасни вчера беа убиени во христијанско училиште во јужната сојузна американска држава Тенеси, соопштија властите.
Полицијата ја застрела и ја уби осомничената сторителка, откако првично се сметаше дека тинејџер е осомничен убиец. Властите подоцна утврдија дека осомничената имала 28 години и оти била поранешна ученичка во училиштето.
„Тоа е потресно, најлошиот кошмар на едно семејство“, изјави претседателот Џо Бајден за новинарите во Вашингтон.
Тој повторно го повика Конгресот да донесе повеќе закони за контрола на оружјето.
„Мораме да направиме повеќе за да ги заштитиме нашите училишта за да не се претворат во затвори… Повторно го повикувам Конгресот да ја усвои мојата забрана за оружје“, рече тој.
За пукањето во понеделникот зборуваше и првата дама Џил Бајден.
„Навистина сум без зборови. И нашите деца заслужуваат подобро“, рече таа.
Градоначалникот на Нешвил Џон Купер на Твитер напиша: „Во трагично утро, Нешвил се приклучи на страшната, долга листа на заедници што доживеале пукање во училиште. Моето срце е со семејствата на жртвите. Целиот наш град стои со вас“.
Додека масовните пукања стануваат се повообичаени во САД, женските сторители се ретки.
Од 187 масовни пукања од 1996 година, само четири биле извршени од жени, според The Violence Project, непрофитна група која ги следи масовните пукања. Осомничениот убиец денес ќе биде петти.
Минатата година, во масовно пукање во основно училиште во Увалде, Тексас, загинаа 21 лице.
Други смртоносни училишни масакри во САД вклучуваат пукање во средно училиште во 2018 година во Паркленд, Флорида, во кое загинаа 17 лица; напад во 2012 година во основното училиште Сенди Хук во Конектикат во кој беа убиени 26 луѓе; и пукање во средното училиште Колумбајн во Колорадо во 1999 година во кое загинаа 13 лица.
Дел од информациите во текстот се преземени од АП и Ројтерс.
Извор: НоваТВ / Воа њус (
Три деца и тројца возрасни вчера беа убиени во христијанско училиште во јужната сојузна американска држава Тенеси, соопштија властите.
Полицијата ја застрела и ја уби осомничената сторителка, откако првично се сметаше дека тинејџер е осоминчен убиец. Властите подоцна утврдија дека осомничената имала 28 години и оти била поранешна ученичка во училиштето.
„Тоа е потресно, најлошиот кошмар на едно семејство“, изјави претседателот Џо Бајден за новинарите во Вашингтон.
Тој повторно го повика Конгресот да донесе повеќе закони за контрола на оружјето.
„Мораме да направиме повеќе за да ги заштитиме нашите училишта за да не се претворат во затвори… Повторно го повикувам Конгресот да ја усвои мојата забрана за оружје“, рече тој.
За пукањето во понеделникот зборуваше и првата дама Џил Бајден.
„Навистина сум без зборови. И нашите деца заслужуваат подобро“, рече таа.
Градоначалникот на Нешвил Џон Купер на Твитер напиша: „Во трагично утро, Нешвил се приклучи на страшната, долга листа на заедници што доживеале пукање во училиште. Моето срце е со семејствата на жртвите. Целиот наш град стои со вас“.
Додека масовните пукања стануваат се повообичаени во САД, женските сторители се ретки.
Од 187 масовни пукања од 1996 година, само четири биле извршени од жени, според The Violence Project, непрофитна група која ги следи масовните пукања. Осомничениот убиец денес ќе биде петти.
Минатата година, во масовно пукање во основно училиште во Увалде, Тексас, загинаа 21 лице.
Други смртоносни училишни масакри во САД вклучуваат пукање во средно училиште во 2018 година во Паркленд, Флорида, во кое загинаа 17 лица; напад во 2012 година во основното училиште Сенди Хук во Конектикат во кој беа убиени 26 луѓе; и пукање во средното училиште Колумбајн во Колорадо во 1999 година во кое загинаа 13 лица.
Извор: НоваТВ / Воа њус / АП / Ројтерс