Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден предупредува на опасна ситуација доколку не дојде до прекин на огнот во Газа пред Рамазан

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е неопходно да се воспостави прекин на огнот во Газа бидејќи ситуацијата ќе стане „многу опасна“ во Израел ако продолжат непријателствата за време на светиот муслимански месец Рамазан кој ќе почне на 11 март.

– Тоа е во рацете на Хамас, рече Бајден во кусото обраќање пред новинарите, одговарајќи на само неколку прашања пред да се качи во авион.

Бајден додаде дека Израелците соработуваат и оти на маса е „разумен“ предлог за да се овозможи ослободување на заложниците проследено со прекин на борбите.

Разговорите одржани во Каиро за прекин на огнот беа прекинати без резултати, но делегацијата на Хамас најави дека ќе останат уште еден ден на барање на преговарачите за да продолжат. Остануваат само уште неколку дена до завршување на непријателствата пред почетокот на Рамазан. 

Зачлени се на нашиот е-билтен