– Американскиот претседател Џо Бајден денеска телефонски разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавија светските агенции, повикувајќи се на Белата куќа.
Разговорот траел помалку од половина час.
Бајден и Нетанјаху телефонски разговарале само неколку дена откако седуммина хуманитарни работници загинаа во израелски воздушен напад во Појасот Газа. Тој случај дополнително ги усложни и така затегнатите односи меѓу двајцата лидери, забележуваат агенциите.
Американскиот претседател остро го критикуваше Израел за нападот.