Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Верувам дека набрзо ќе биде постигнат договор за ослободување на заложниците од Појасот Газа

– Претседателот на САД, Џо Бајден денеска нагласи дека верува оти набрзо ќе биде постигнат договор за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа.

Хамас држи од 200 до 250 израелски заложници во Појасот Газа, кои беа заробени на 7 октомври кога исламистичката група го нападна Израел.

Се претпоставува дека Хамас во заложништво држи 239 лица од 26 различни држави.

Хамас тврди дека околу 30 заложници биле убиени при израелското бомбардирање врз Појасот Газа. 

Бајден, на годишниот настан во Белата куќа за помилување на мисирка по повод Денот на благодарноста, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека очекува договорот да резултира со ослободување на некои заложници.

„Вашингтон пост“ на 18 ноември објави дека Израел, САД и Хамас се согласиле на пробен договор, со кој ќе се ослободат десетици заложници во замена за привремено примирје.

Зачлени се на нашиот е-билтен