Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Балетската претстава „Заспаната убавица“ од П. И. Чајковски со гостински танчери од Бугарија и Унгарија

Денеска и утре на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи двојна изведба на балетската бајка „Заспаната убавица“ преточена во музика на Петар Илич Чајковски.

Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн, Милчо Александров, концерт-мајстор е Јане Бакевски, соло виолина е Климент Тодороски, а соло виолончело, Кирил Јосифов.

Во главните улоги на 7 март ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и гостинот од Бугарија, Емил Јорданов. Додека на 8 март за првпат во главните улои ќе настапат Христина Наќевска и Балаж Лочеи од Унгарија.

Настапуваат солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново