Сите балкански држави, без исклучок, го поддржаа заедничкото коминике на мировниот самит за Украина.
Имињата на државите од регионот можат да се забележат на мониторите во пленарната сала на Самитот: Словенија, Хрватска, Србија, БиХ, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Бугарија и Грција.
Во заедничкото коминике 80 земји на мировниот самит за Украина се согласија дека „територијалниот интегритет“ на Украина мора да биде основа на секој мировен договор за ставање крај на руската агресија.
Заедничкото коминике е резултат од дводневната конференција во одморалиштето Бургенсток во Швајцарија, каде што високите државни претставници се приклучија кон креирање на овој важен патоказ кон мирот.
Околу 100 делегации, претежно западни земји, но и некои клучни земји во развој, беа присутни на конференцијата.
ЦИВИЛ МЕДИА ја преведе и објави содржината на заедничкото коминике.