Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Барак Обама наскоро ќе ја објави поддршката за Камала Харис

Извори блиски до поранешниот американски претседател Барак Обама ги демантираат дел од медиумските извештаи кои пишуваат дека тој смета дека Камала Харис нема капацитети за кандидат за претседател и тврдат дека тој целосно ја поддржува нејзината кандидатура, пишуваат американсите медиуми

NBC News наведува дека поранешниот претседател Барак Обама и потпретседателката Камала Харис се во постојан контакт откако Харис ја објави својата претседателска кандидатура во неделата и дека се очекува поранешниот претседател наскоро јавно да ја објави поддршката за нејзината трка за Белата куќа.

Додека многу истакнати демократи веќе ја поддржаа Камала Харис и додека се чека Обама да ја објави и неговата поддршка, изворите за NBC news велат дека поранешниот претседател помага со насоки за стратегиите на кампањата на Харис што се оценува како исклучително важно на само околу 100 дена до денот на изборите.

Зачлени се на нашиот е-билтен