Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Барак Обама за Њујорк Тајмс: Она што им се случува на Палестинците е неподносливо, како да спречиме децата да бидат убиени?

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја осуди војната меѓу Израел и Газа, велејќи дека долгогодишниот конфликт сега повторно се разгори и ги критикуваше социјалните мрежи за продлабочување на поделбите, објави Њујорк Тајмс, пренесе ЦИВИЛ Медиа.

Барак Обама го осуди нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври кога десетици милитанти ја пробија границата и убија над 1.400 Израелци, земајќи повеќе од 240 заложници. Барак Обама, исто така, ги истакна страдањата на палестинските цивили во Газа кои беа пречекани со агресивни напади од страна на Израел во кои загинаа повеќе од 9.488 Палестинци.

Во интервјуто, Барак Обама, меѓу другото, изјави: „Го гледам ова и се сеќавам наназад: „Што можев да направам за време на моето претседателство за да го придвижам ова напред, колку што се трудев? Но, има дел од мене кој сè уште вели, добро, дали можев нешто друго да направам?

Барак Обама рече дека конфликтот е „вековна работа што доаѓа до израз“, додека разговараше со неговите поранешни членови на персоналот во Чикаго. Тој смета дека социјалните медиуми се одговорни за проширување на поделбите.

„Она што го направи Хамас беше ужасно и нема оправдување за тоа. А она што е, исто така, точно – е дека окупацијата и она што им се случува на Палестинците е неподносливо“, изјави Обама.

Обама се осврна на Холокаустот и ужасното истребување на Евреите од страна на нацистите и рече: „И она што е, исто така, точно е дека постои историја на еврејскиот народ што може да биде отфрлена, освен ако вашите баба и дедо, вашите прабаба или прадедо, или вашиот вујко или вашиот тетка ви раскажат за лудилото на антисемитизмот“.

„И она што е вистина е дека во моментов има луѓе кои умираат, кои немаат никаква врска со она што го направи Хамас“, изјави Обама.

Обама рече и дека „дури и она што штотуку го кажав, што звучи многу убедливо, сè уште не одговара на прашањето: Како да спречиме децата да бидат убиени денес?“

„Ако сакате да го решите проблемот, тогаш треба да ја прифатите целата вистина. И тогаш мора да признаете дека ничии раце не се чисти, дека сите ние сме соучесници до одреден степен“, рече тој во интервју за Pod Save America објавено во саботата, со најава дека целото интервју ќе биде објавено во вторник.

Извор,(ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен