Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Beach Film Festival по седми пат во Охрид

Од 17 ти до 23 ти јули во Охрид ќе се одржи седмото издание на Beach Film Festival под отворено небо.

“Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер.

Филмот е македонска копродукција (Круг Филм) со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски.

На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада.

Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување.

Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа.

Оваа работилница “Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.

Зачлени се на нашиот е-билтен