„На седницата на Владата ќе се замрзне цената на оризот и јајцата, согласно цените кои биле претходно. Во делот на шеќерот и брашното, согласно податоците на царинската управа за увозните цени и цените со кои се произведува имаме намалување и тоа очекуваме да продолжи, па затоа таму нема да преземаме мерки во моментов“ рече министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција.
Тој додаде дека доколку цените не се намалат од страна на трговците, тогаш кон крајот на оваа недела ќе има дополнителни одлуки и за шеќерот и брашното.
„Како Министерство за економија имаме конкретен предлог за цената на оризот и јајцата. Тоа нема да биде денешната цена, туку ќе биде една од цените од месец март“ рече Бектеши.
Тој додаде дека цената на јајцата ќе се замрзнува со цел да нема зголемување поради престојните празници, Велигден и рамазанските пости.