Џон Кирби, одговорен за комуникации во областа на националната безбедност, ја коментираше ситуацијата во Универзитетот Колумбија каде демонстрантите денеска се забарикаридираа во една од универзитетските згради.
Кирби рече дека тоа е „неправилен пристап“. Според него, Белата куќа внимателно ја следи ескалацијата на протестите во американските универзитети.
-Претседателот смета дека насилно заземање на објект во универзитетски град е асполутно неприфатлив пристап. Тоа не е пример за мирни протести, истакна Кирби на денешиот прес брифинг.
Според него, и покрај фактот дека претседателот на САД има надлежност да нареди распоредување на Националната гарда, администрацијата на Бајден не разгледува такви опции во заднина на настаните во овој универзитет.
-Моментално нема активно разгледување на прашањето за ангажирање на Националната гарда, изјави Кирби, додавајќи дека тој нема информации или докази дека во студентските протести учествуваат провокатори или злонамерници.
Тој истакна и дека Белата куќа го подржува правото на студентите на слободен говор и протест но дека мошне важно е тие протести да бидат мирни и да не се закана за останатите студенти.
Во меѓувреме, полицијата на Њујорк пристигна пред портите на Колумбија но оттаму изјавија дека ќе влезат во зградата каде повеќе студенти се забарикаридирани само во случај ако од таму се јават настрадани, јави студентскиот весник Columbia Spectator.